Andaç Hongur,Hanife Sevinç,İsmail Özdemir
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во минатото, која не привлекувала инвеститори, е нешто што останало во минатото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сепак, сеуште не се ослободивме од идеолошките ставови на некои агенции за кредитен рејтинг. Тие и понатаму продолжуваат со идеолошки настапи. За жал, овие агенции одат до таа мерка што поради идеолошки став се подготвени да речат дека во Турција не постои доверба и стабилност. Но, Турција не е таква земја", рече Ердоган во Истанбул во обраќањето на церемонијата на потпишување на договорот во врска со Донаторски фонд кој ќе биде формиран под покровителство на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Истакна дека од 2009. година ЕБРД делуваше како близок партнер на Турција во бројни проекти, посебно во областа на развојот во приватен сектор.
Додаде дека во рамките на соработката со оваа банка Турција досега искористила околу 10 милијарди евра парични средства, нагласувајќи дека ЕБРД во текот на претходните три години највеќе инвестираше токму во Турција.
„Несомнено дека ЕБРД има удел во успехот кој го оствари Турција. Првенствено тоа се однесува и на бизнис амбиентот во нашата земја како и на приватниот сектор кој е крајно отворен за динамичен развој. Нашата земја со сигурност, има многу ефикасна соработка со Европската банка за обнова и развој", рече Ердоган.
На крајот истакна дека со потпишаниот договор дополнително е зајакната стабилната соработка со ЕБРД, додавајќи дека Турција со Донаторскиот фонд дополнително ќе ја зајакне политиката на развојната помош.
Потсети дека Турција во последните години забележала големи економски резултати.
„Турција, која некогаш чекаше пред вратите на ММФ, за да се задолжи, сега е дел од минатото. Турција, која не е привлечна за инвеститорите, сега е само спомен од минатото. Турската економија сега се има многу цврста основа, така што во третиот квартал оствари раст од 11 отсто. Знаеме дека, земајќи ги в предвид податоците за крај на годината, растот за 2017 ќе изнесува околу 7 отсто. Во 2018 година ќе бидеме уште порешителни за да продолжиме со трендот на економски раст", рече турскиот претседател додавајќи дека податоците покажуваат дека Турција минатата година беше на самиот врв на земјите кои остварија најголем економски раст во светот.
На церемонијата на потпишување за соработка присуствуваа и заменик премиерот на Турција Мехмет Шимшек, претседателот на ЕБРД Сума Чакрабарти, гувернерот на Истанбул Васип Шахин и бројни други поканети гости.