Mehmet Tosun
29 Јануари 2023•Ажурирај: 30 Јануари 2023
ДЕНИЗЛИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека резервите на Централната банка на неговата земја се зголемени од 27 на 130 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган за време на својата посета на турскиот град Денизли, што се наоѓа во западниот дел на земјата, се осврна на економските показатели на Туркије за нејзиниот напредок во последните две децении.
„Ги зајакнавме резервите на нашата Централна банка, зголемувајќи ги од 27 на 130 милијарди долари“, рече Ердоган.
Тој додаде дека Туркије го затворила својот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Нашата економска независност ја потврдивме со потполното затворање на нашиот долг кон ММФ, што изнесуваше 23,5 милијарди долари“, истакна Ердоган.
Кога станува збор за извозот на Туркије, претседателот Ердоган рече дека и на тоа поле е остварен значаен успех.
„Кога ја презедовме власта, извозот изнесуваше 36, а денес тој е зголемен на дури 354 милијарди долари. Исто така, бројот на аеродроми во земјата е зголемен од 25 на 57. Вкупната должина на нашите патишта од 6.100 километри ја зголемивме на 28.000 километри“, рече претседателот Ердоган.