економија, Балкан

Грчките земјоделци го блокираа пристапот до пристаништето Волос

- Ова утро голем број земјоделци и одгледувачи на добиток се собраа и со трактори ги блокираа главните влезови кон пристаништето Волос, запирајќи го сообраќајот.

Ayhan Mehmet  | 10.12.2025 - Обновена : 10.12.2025
Грчките земјоделци го блокираа пристапот до пристаништето Волос

ВОЛОС

Протестите против државниот земјоделски сектор во Грција денес се интензивираа околу пристаништето Волос, известува Анадолу.

Ова утро голем број земјоделци и одгледувачи на добиток се собраа и со трактори ги блокираа главните влезови кон пристаништето Волос, запирајќи го сообраќајот.

И рибарите од регионот ја поддржаа акцијата позиционирајќи ги своите чамци на отворено море.

Поради демонстрациите, кои беа придружени со обемни полициски безбедносни мерки, пристаништето остана затворено приближно 5 часа.

Земјоделците подоцна го напуштија подрачјето, овозможувајќи пристаништето повторно да биде отворено.

Димитрис Калогеропулос, еден од земјоделците што учествуваа во протестот, за АА изјави:

„Се наоѓаме во тешка ситуација. Принудени сме да го дигнеме нашиот глас. Затворањето на пристаништето не е лесно за нас, но немавме друг избор“.

Никос Ставријанос, рибар од Волос, рече:

„Земјоделците не се сами, со истите проблеми се соочуваме и ние. Затоа, наша должност беше да обезбедиме поддршка од море“.


- Се очекува затворање на пристаништето во Солун

Се очекува земјоделците в петок да го блокираат пристаништето во Солун.

Земјоделците кои протестираат низ цела Грција, повремено ги блокираат меѓуградските автопатишта, аеродромите и граничните премини.

Тие бараат спроведување на регулативи за намалување на високите трошоци за производство и исплата на субвенциите што се одложени поради обвинувањата за корупција во владините стимулации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.