Furkan Naci Top
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Министерот за финансии на Грција, Ефклидис Чакалотос, во врска со намалувањето на долгот на државата од страна на кредиторите изјави: „Се надеваме дека ќе постигнеме договор на 5. декември во корист на грчката економија, кој ќе биде прифатлив за трите страни“, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата, која е организирана од страна на Американско-грчката стопанска комора, Чакалотос нагласи дека цврсто стои зад договорите за финансиска помош за спас за државата.
Чакалотос рече дека владата во моментот е во процес на преговори со доверителите во врска со реформите за штедење и нагласи оти најважното прашање во овој процес се колективните договори за работа и колективните отпуштања од работа.
Тој посочи дека европските институции не можат да бараат ништо повеќе во врска со работничките права, од оние кои се во рамките на законодавството на ЕУ и додаде: „Не значи дека ако една држава е во програмата за финансиско спасување, ќе има помалку права. Ова не е праведно, ниту пак соодветно“.
Чакалотос истакна дека за кратко време, во голема мера се согласиле со кредиторите за олеснување на јавниот долг. „Ги очекуваме и преговорите за среден и за долг рок. Се надеваме дека ќе постигнеме договор на 5. декември во корист на грчката економија, кој ќе биде прифатлив за трите страни“, рече тој.
Чакалотос ги критикуваше економските политики на еврозоната и посочи дека таа е неуспешна и не наоѓа решение.
„Ако нема олеснување на долгот, не ќе може да се исполни вториот процес на ревизија. Грција не ќе може да се приклучи на програмата на монетарна експанзија, така што не ќе може да се врати на пазарот на капиталот“, изјави Чакалотос.
Долгот на грчката Влада, кој достигна 180 проценти од годишниот бруто-домашен производ, во врска со олеснувањето на јавниот долг од 315 милијарди евра, се надева на постигнување компромис со доверителите на состанокот на министрите за финансии од еврозоната на 5. декември.
Комесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања, Пјер Московиси и членот на управниот одбор на Европската ценрална банка, Бенедикт Кер, денес ќе се сретнат со премиерот Ципрас и министерот Чакалотос, при што ќе разговараат во врска со преговорите и олеснувањето на долгот.