Belgin Yakışan
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО во Турција, во изминатите две недели вниманието го привлече падот на девизниот депозит од 6,2 отсто, со што тој дојде на ниво од 163,3 милијарди долари. Беше утврдено дека причина за овој пад се девизите во висина од 10,8 милијарди долари, кои граѓаните ги продале во споменатиот период, Anadolu Agency (AA).
Централната банка на Република Турција (ТЏМБ) ги објави податоците за неделна статистика за пари и банки.
Според овие податоци, во периодот од 15 до 29 јули, по обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО во Турција, во комерцијалните банки и во таканаречените банки на партиципација во Турција, во вкупната сума на странски валути базирана врз доларот беше забележан голем пад.
Девизниот депозит во периодот од две недели беше намален за 6,2 отсто и од 170 милијарди и 120 милиони долари падна на 163 милијарди и 295 милиони долари. На тој начин, девизниот депозит во период од две недели се намали за 10 милијарди и 825 милиони долари.
Од друга страна, вкупниот кредитен обем во банкарскиот сектор, заклучно со крајот на неделата на 29 јули е намален за 2 милијарди 749 милиони и 945 илјади лири (околу 917 милиони долари). На тој начин вкупниот кредитен обем во тој период падна на 1 трилион 545 милијарди 761 милиони и 251 илјада лири (околу 515 милијарди долари).
Споредувајќи го вкупниот кредитен обем од 29 јули со периодот од една недела претходно, тој е намален за 0,18 отсто, додека во споредба со истиот период од лани, зголемен е за 10,54 отсто.
Дадените кредити во висина од 1 трилион 509 милијарди 980 милиони и 413 илјади лири (околу 503 милијарди долари) се користени во нефинансискиот сектор, додека средствата во висина од 35 милијарди 78 милиони и 838 илјади лири (околу 12 милијарди долари) се користени во финансискиот сектор.