свет, економија

Германските машиновозачи најавија нов штрајк за утре

Синдикатот, кој претставува околу 10.000 вработени, инсистира на намалување на работното време на 35 часа за работниците во смени, без намалување на платите

Ayhan Şimşek  | 11.03.2024 - Обновена : 12.03.2024
Германските машиновозачи најавија нов штрајк за утре

БЕРЛИН (АА) - Германските машиновозачи најавија 24-часовен штрајк денес во тековниот спор со националниот железнички оператор за платите и работното време, јавува Анадолу.

Германскиот синдикат на машиновозачи (GDL) соопшти дека штрајкот на патничките возови ќе започне утре во 2:00 часот по локално време и ќе продолжи до среда до 2:00 часот.

Националниот железнички оператор Дојче бан го критикуваше синдикатот за штрајкот на краток рок и рече дека почнал да работи на возен ред.

Компанијата соопшти дека нејзините долги и регионални железнички услуги ќе бидат масовно погодени поради штрајкот и ги советуваше патниците да ги одложат патувањата доколку е можно.

Синдикатот ГДЛ (GDL) и Дојче бан со месеци преговараат за нов колективен договор.

Во петокот Дојче бан го покани синдикатот да се врати на преговарачка маса, но не даде нова понуда. ГДЛ (GDL) инсистираше компанијата да поднесе нова, писмена понуда до 18:00 часот в недела.

Дојче бан на претходниот состанок понуди и до 13 отсто повисоки плати, како и опционален модел кој може да го намали неделното работно време од 38 на 37 часа.

Синдикатот, кој претставува околу 10.000 вработени, инсистира на намалување на работното време на 35 часа за работниците во смени, без намалување на платите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın