Bahattin Gönültaş
22 Февруари 2019•Ажурирај: 23 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Буџетскиот суфицит во Германија, што ја опфаќа сојузната држава, провинциите и општините, изнесувал 58 милијарди евра минатата година. Рекордот на суфицитот постигнат во 1990 година, кога се соединија Источна и Западна Германија беше надминат оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците објавени од Федералниот завод за статистика на Германија (Destatis), минатата година јавните приходи на земјата надминале 58 милијарди евра и учествувале со 1,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Во 2018 година, јавните приходи се зголемија за 4,7 отсто во споредба со претходната година и изнесуваа 1 трилион 543 милијарди 600 милиони евра, додека нивните расходи се зголемија за 3,2 отсто на 1 трилион 485 милијарди 500 милиони евра.
На тој начин буџетскиот суфицит во Германија, што ја опфаќа сојузната држава, провинциите и општините, изнесувал 58 милијарди евра минатата година. Како резултат на тоа, рекордот на суфицитот постигнат во 1990 година, кога се соединија Источна и Западна Германија беше надминат оваа година.
Минатата година, најголем суфицит од 17,9 милијарди беше забележан во сојузната држава, а привлече внимание тоа што земјата 5 години ја завршува финансиската година без задолжување.
Важна улога во буџетскиот суфицит одигра продолжувањето на растот на економијата и рекордното ниво на вработување. Ниските каматни стапки и намалувањето на долгот на земјата беше причина каматната стапка да се намали на 8,5 отсто во споредба со минатата година.
Од друга страна, Одборот за финансиска стабилност на Германија, во изјавата дадена минатата година во декември истакна дека буџетскиот суфицит на земјата ќе се намали оваа година. Одборот, исто така, најави дека јавниот суфицит, кој ја вклучува сојузната држава, провинциите и општините, оваа година ќе падне на 1 процент од БДП и на 0,5 проценти во 2022 година.
И покрај буџетскиот суфицит на земјата, вреди да се напомене дека обновувањето на некои инфраструктурни инвестиции, како што се аеродромите и железниците, е одложено. Исто така и пензионерите имаат потешкотии поради зголемувањето на трошоците за изнајмување.