Murat Temizer
25 Февруари 2019•Ажурирај: 25 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Се предвидува дека побарувачката на течен природен гас (ЛНГ) оваа година ќе се зголеми за 35 милиони тони во споредба со минатата година, и ќе достигне до 354 милиони тони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот насловен „Глобален преглед за ЛНГ за 2019 година“ објавен од страна на „Shell“, глобалната побарувачка на ЛНГ минатата година достигнала до 319 милиони тони.
Во извештајот се наведува дека потрошувачката во Азија влијаела врз растот на глобалната побарувачка на ЛНГ.
Минатата година, најголемиот удел во растот на глобалната побарувачка на ЛНГ го имаше Кина со 16 милиони тони.
Главниот фактор за растот на побарувачката во оваа земја беше тоа што кинеската Влада започна со користење природен гас во повеќе градови, со цел зголемување на квалитетот на воздухот.
Се предвидува дека глобалната побарувачка на ЛНГ до крајот на оваа година ќе достигне до 354 милиони тони, а дека оваа бројка во 2020 година ќе се зголеми на 384 милиони тони.