Admir Fazlagic
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека бруто-домашниот производ во Македонија во второто тримесечје од 2016 година се зголеми za 2.2 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според ДЗС, најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 31.0%, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 11.5% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4.9%.
Се наведува дека финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално пораснала за 1.3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4.2%, а увозот забележа зголемување во номинален износ од 6.6%.