Lejla Biogradlija
04 Април 2024•Ажурирај: 06 Април 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот гигант за онлајн шопинг Амазон објави дека се отпуштени уште стотици вработени од секторите за продажба, маркетинг и глобални услуги, јавува Анадолу.
Амазон наведе дека отпуштања имало во различни делови на светот.
Најавено е дека вработените во САД ќе добиваат плати и социјални надоместоци уште најмалку 60 дена, дека ќе се обезбеди поддршка во процесот на наоѓање нова работа и пристап до здравствените услуги, а ќе бидат обезбедени и бенефиции.
Од Амазон истакнаа дека компанијата ќе продолжи да расте преку вработувања во клучни области и дека во тие области има илјадници можности за вработување.
Портпаролот на „Amazon Web Services“ (AWS) рече дека отпуштањата се тешка, но неопходна одлука.
Додека Амазон е познато дека неодамна продолжи со своите вложувања во областа на вештачката интелигенција, истата технолошка компанија во јануари отпушти стотици луѓе во своите подружници како што се Твич, Прајм Видео и МГМ студиото.
Според извештајот на американската консултантска фирма за кариера „Челинџер, Греј и Крисмас“, отпуштањата во технолошкиот сектор се зголемиле за 73 проценти во 2023 година.
Во извештајот се наведува дека бројот на отпуштени минатата година достигнал 168.032 лица, што е голем пораст во однос на 2022 година.