Gökhan Ergöçün
28 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонската компанија „Тојота“ ја задржа титулата за производител на најпродаваните автомобили во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тојота“ продаде 10,5 милиони возила на глобално ниво во 2021 година. Бројката ја вклучува продажбата и на нејзините подружници „Даихатсу“ и „Хино“.
Компанијата ја смени позицијата на германскиот ривал „Фолксваген“ втора година по ред. Сепак, „Тојота“ сѐ уште не го достигнала нивото на продажба пред пандемијата.
Продажбата на „Фолксваген“ минатата година изнесуваше околу 8,9 милиони возила.