економија

„Турција е земја со која Србија има најголема трговска размена во регионот"

Како што објасни Вучиќ, кога Ердоган дошол на власт, бруто општествениот производ по глава на жител бил 3.500 долари, а сега е 11.000 долари. „Покажете ми европски и светски лидер кој тоа успеал да го направи", рече Вучиќ

Bojana Stojanovic  | 07.10.2019 - Обновена : 08.10.2019
„Турција е земја со која Србија има најголема трговска размена во регионот"

БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Турција е земја со која Србија има најголема трговска размена во регионот, а ги повика турските инвестирори во што поголем број да дојдат во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што објасни Вучиќ на отворањето на Српско-турскиот бизнис форум во Белград, кога Ердоган дошол на власт, бруто општествениот производ по глава на жител бил 3.500 долари, а сега е 11.000 долари.

„Покажете ми европски и светски лидер кој тоа успеал да го направи", рече Вучиќ, оценувајќи дека Турција од притисоците од различни надворешни фактори ќе излезе посилна бидејќи турскиот народ е вреден, а Ердоган е посветен на напредокот на земјата.

„Затоа на српските стопанственици им порачувам да ја искористат можноста и да видат како да инвестираат во Турција и како да привлечат додатни инвестиции од Турција", наведе Вучиќ.

Тој ги повика инвеститорите од Турција да инвестираат во српските бањи.

„Ги молам и турските инвеститори да ги земат во предвид нашите бањи кои сме спремни да ги приватизираме. Имаме врвни капацитети, но немаме пари да вложиме во нив", наведе Вучиќ.

Тој рече и дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, донел големи промени во регионот и дека дава голем придонес во обновата на инфраструктурата во Србија.

На Српско-турскиот бизнис форум присуствуваа повеќе стотици стопанственици од двете земји.

Ердоган, Вучиќ и претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик утре во Белград ќе се состанат на трилатералниот самит на Србија, БиХ и Турција.

По самитот, претседателите на Турција, Србија и членовите на Претседателството на БиХ во Сремска Рача ќе присуствуваат на свечена церемонија на положување на камен темелник за изградба на автопатот Белград - Сараево.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.