Ömer Aydın
01 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Maкрон порача дека дополнителните царински тарифи на САД кон Европската Унија (ЕУ) се спротивни на меѓународното право, додавајќи дека споменатите мерки се навистина голема грешка, јавува Agency Agency (AA).
„Оваа одлука на САД е во спротивност со правилата на меѓународната трговија. Со оглед на тоа дека не е во согласност со правото, ние ќе се спротиставиме на ваквата одлука и соодветно ќе одговориме на неа“, рече Maкрон пред новинарите во Париз.
Тој истакна дека е невозможно Европа да молчи за одлуката на американската администрација, додавајќи дека таквата постапка ги затвори патиштата за преговорите што требаше да се спроведат во некои други области.
Тој посочи дека Европската комисија во наредните недели сигурно ќе ги преземе сите неопходни чекори за да одговори на овие мерки на Вашингтон, истакнувајќи дека е неопходно да се преземат напори и во рамките на Светската трговска организација (СТО) за САД да се откажат од одлуката.
Предупреди дека американската одлука за дополнителни царински тарифи поттикнува нееднаквост и економски национализам во меѓународната трговија, додавајќи дека таквиот процес ги доведе земјите до економска војна.
Потсетуваме, САД вчера објавија дека од 1 јуни ќе применуваат дополнителни царински тарифи за увезениот челик и алуминиум во Мексико, Канада и земјите членки на ЕУ.
Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос изјави дека на 1 јуни истекува временскиот период до кој привремено е одложено стапувањето на сила на дополнителните царински тарифи за Мексико, Канада и ЕУ.
Тој додаде дека преговорите со ЕУ се сè уште во тек, но дека во преговорите со Мексико и Канада сè уште нема резултати. Мексико, САД и Канада од август минатата година сè уште преговараат за модернизација на Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
На иницијатива на Доналд Трамп, САД на 23 март воведоа нови царински давачки за челик во висина од 25 проценти и на алуминиум од 10 проценти. Ова важеше за сите земји што ги извезуваа овие производи во САД, но за Австралија, Аргентина, Бразил, Канада, Мексико, Јужна Кореја и земјите од ЕУ беа одложени до 1 јуни.
На крајот, Макрон рече дека за ова прашање ќе разговара со претседателот на САД, Доналд Трамп.