Samir Kajoševic
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека неодамнешните парламентарни и локални избори во земјата го потврдиле напредокот во демократскиот развој на црногорското општество, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓукановиќ, по повод Меѓународниот ден на демократијата, изјави дека обврската на Црна Гора е да продолжи да ја унапредува демократијата, слободата, еднаквоста, човековите права и владеењето на правото.
„Наша обврска е да ја охрабруваме демократската партиципација, да бидеме транспарентни и одговорни. Неодамнешните избори потврдија напредок во демократскиот развој на црногорското општество. Покажаа дека Црна Гора го разбира процесот на демократија и ја потврдија важноста на зајакнувањето на демократските институции, вклучувајќи ги и капацитетите што ќе ја јакнат отпорноста во однос на сите бројни форми на манипулации и дезинформации“, изјави Ѓукановиќ.
Тој истакна дека само со целосно учество, одговорност и соработка може да се зајакне довербата и да се напредува кон целта највисоките вредности на демократијата да бидат реалност за секој поединец.