Ahmet Furkan Mercan
02 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, упати честитки до Салих Мурат поради неговото избирање за нов претседател на Уставниот суд на Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатските извори, Чавушоглу упати честитки до Мурат поради неговата нова функција.
На седницата што се одржа на 29 и 30 октомври во Уставниот суд, судијата Салих Мурат е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Според Уставниот суд, одлуката за избор на нов претседател стапи на сила на 1 ноември.
Салих Мурат, инаку припадник на турската заедница во Северна Македонија, е роден на 11 октомври 1966 година во селото Врапчиште, Гостиварско.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Белград во 1991 година. Од 2005 до 2012 година работел како адвокат во Гостивар, а потоа станува член на Уставниот суд на Северна Македонија.