Ahmed Muharem
13 Април 2023•Ажурирај: 16 Април 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - По налог на Специјалното државно обвинителство, денеска во повеќе црногорски градови извршено е апсење на повеќе лица, во акција насочена кон борбата против организираниот криминал. Меѓу уапсените е и претседателот на Општина Будва, Мило Божовиќ, јавува Анадолу.
Божовиќ се сомничи за формирање криминална организација и неовластено производство, држење и пуштање во промет опојни дроги.
Државниот обвинител и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ, соопшти дека Божовиќ е уапсен од Специјалното полициско одделение, по налог на државниот обвинител.
„Бидејќи постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело формирање криминална организација и три кривични дела неовластено производство, држење и пуштање во промет опојни дроги“, наведе Радоњиќ.
Тој истакна дека полицијата претходно извршила претрес на становите и други простории што ги користи Божовиќ.
„Лицето лишено од слобода ќе биде спроведено на сослушување кај државен обвинител како осомничено во законскиот рок“, рече Радоњиќ.