Samir Kajoševic
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 57 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), а еден пациент почина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора кажаа дека од анализираните 513 примероци на коронавирусот (Ковид-19), 57 беа позитивни.
Вкупната бројка на активни случаи на коронавирусот во Црна Гора моментално изнесува 2.020, додека од почетокот на годината вкупната бројка на регистрирани случаи на Ковид-19 изнесува 3.073.