AA
19 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
ПОДГОРИЦА
На Римскиот плоштад во Подгорица, пред Министерството за здравство на Црна Гора осамнаа 2.231 пар чевли, кои ја прикажуваат бројката на луѓе кои починаа од последици предизвикани од коронавирусот во Црна Гора, известува Агенција Анадолија (АА).
Денешниот перформанс е повик за почитување на епидемиолошките мерки. „Група граѓани“, организатор на перформансот, најави дека целта е низ социјални и уметнички перформанси да го искажат сеќавањето и почитувањето кон жртвите на коронавирусот во Црна Гора, како и да ја повикаат и обврзат власта на поодговорно спроведување на здравствената политика и заштитните мерки за да се запре „негрижата кон човечките животи и здравјето на населението“.
„Група граѓани“ бара оставка од министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.
