Samir Kajoševic
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ПОДГОРИЦА (AA) - Два нови случаи на заразени лица со коронавирусот регистрирани се во Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавното здравје потврдија дека во оваа земја досега има вкупно 10 заразени.
„Ја завршивме со првата група примероци за денес. Новиот коронаирус потврден е кај две лица, што значи дека во Црна Гора имаме 10 лица заразени со коронавирус", велат од Институтот.
Првите два случаи на заразени со коронавирусот во Црна Гора потврдени се во вторник, додека синоќа се регистирани уште шест.