Балкан

Хрватска: Чавушоглу во посета на Петриња, разрушен во силниот земјотрес

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во придружба на петрињскиот градоначалник Даринко Думбовиќ го посети центарот Петриња, кој беше разрушен од силен земјотрес

Aldijana Hadzic, Stipe Majic  | 26.02.2021 - Обновена : 27.02.2021
Хрватска: Чавушоглу во посета на Петриња, разрушен во силниот земјотрес Фото: Фатих Акташ / АА

ПЕТРИЊА 

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во придружба на петрињскиот градоначалник Даринко Думбовиќ го посети центарот на Петриња, кој беше разрушен од силен земјотрес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, се увери во значајната штета настаната за време на земјотресот кој на 29 декември 2020 година го погоди ова подрачје.

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, најпрво ја посетија Касарната „Полковник Предраг Матановиќ“, а потоа и контејнерската населба на Сајмиште во Петриња каде што се наоѓаат станбени контејнери кои ги донира Турција. Тука се состанаа со семејството на кое му е доделено еден од станбените контејнери.

Чавушоглу официјалната посета на Република Хрватска ја започна вчера во Загреб со состанокот со претседателот на Мешихатот на Исламската заедница, муфтијата Азиз Хасановиќ.

По состанокот, заедно со делегациите го посетија Меморијалниот споменик на загинатите Бошњаци во Татковинската војна каде што се помолија за 1.182 загинати лица, бранителите на Бошњаците во војната во Хрватска во 1990 година.

Чавушоглу за време на посетата на Хрватска би требало да се состане со претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Парламентот, Гордан Јандроковиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.