Stipe Majic
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа евидентирани се 748 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, соопшти Главниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска, јавува Агенција Анадолија (AA).
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.210.
Меѓу нив, 441 пациент се на болничко лекување, од кои на респиратор се 27 пациенти.
Починале четири лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 21.741 лице заразени со новиот коронавирус, од кои 334 починаа, вкупно 18.197 се излекуваа, од кои 308 во последните 24 часа“, се наведува од Штабот.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 16.598 лица.
До денес тестирани се 372.683 лица, од кои 6.448 во изминатите 24 часа.