Dejan Maksimovic
04 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа евидентирани се 258 нови случаи на новиот тип коронавирус (САРС-КоВ-2), а бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 1.512, соопшти денес Штабот за цивилна заштита, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Од активните случаи, 296 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратори се 25 пациенти. Во изминатите 24 часа починаа пет лица“, истакнуваат од Штабот.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 17.659 лица заразени со Ковид-19, од кои 298 починаа. Вкупно се излекувани 15.849 лица, од кои 188 во последните 24 часа.
„Во самоизолација моментално се 9.081 лице. До денес се тестирани вкупно 326.159 лица, од кои 4.608 во последните 24 часа“, истакнуваат од Штабот за цивилна заштита на Хрватска.