Ekipa
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 191 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.790, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 3 лица, а вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 756.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.341
.
Во моментот активни се 2.693 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 195.002 тестирања за Ковид-19.