Stipe Majic
30 Ноември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа се забележани 1.830 нови случаи на Ковид-19, и 74 починати лица од последици предизвикани од вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штабот за цивилна заштита на Хрватска извести дека бројот на активни случаи во земјата денес изнесува вкупно 21.457 лица.
Од нив 2.358 пациенти се на болничко лекување, од кои 255 пациенти се на респиратор.
Починати се 74 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до сега детектирани се 128.442 лица позитивни на коронавирусот, од кои 1.786 починаа. Вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 105.199, од кои 3.361 во последните 24 часа“, соопшти Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 46.802 лица.
Досега во Хрватска се тестирани 749.346 лица, од кои 5.027 во последните 24 часа.