Stipe Majic
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 2.480 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а регистрирани се и 26 смртни случаи од вирусот, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Штабот за цивилна заштита извести дека бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува вкупно 14.843.
Од нив 1.221 пациент се на болничко лекување, од кои 118 се приклучени на респиратор.
Во изминатото деноноќие починаа 26 пациенти, со што вкупно досега од коронавирусот починале 654 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на вирусот во Хрватска, до денес, евидентирани се вкупно 56.567 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 654 починаа, вкупно 41.070 се излекуваа, од кои 1.690 во последните 24 часа“, наведуваат од Штабот за цивилна заштита.
Во самоизолација моментално се 29.404 лица.
До денес тестирани се вкупно 523.382 лица, од кои 9.206 во последните 24 часа.