Балкан

Хоти на самитот во Париз: „Мора да постои јасен временски период за завршување на дијалогот“

Самитот во Париз се одржа по пат на видеолинк во организација на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. На видеоконфернцијата учествуваа и Џозеф Борел, Авдулах Хоти и Александар Вучиќ

Zylfije Adem Jakupi  | 10.07.2020 - Обновена : 10.07.2020
Хоти на самитот во Париз: „Мора да постои јасен временски период за завршување на дијалогот“

ПРИШТИНА

Премиерот на Косово Авдулах Хоти на виртуелниот самит во Париз изјави дека треба да постои јасен временски период во рамки на кој дијалогот Косово-Србија ќе биде завршен, јавува Агенција Анадолија (АА).

Самитот во Париз се одржа по пат на видеолинк во организација на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. На оваа видеоконфернција европската унија ја претставуваше високиот претставник за надворешна и безбедносна политина Џозеф Борел, косовската страна премиерот Авдулах Хоти, а српската претседателот Александар Вучиќ.

Премиерот Хоти во своето обраќање на самитот рече дека новата Влада на Косово ги укинала сите мерки кои се уведени кон Србија, со цел да се даде шанса на дијалогот и постигне конечен обврзувачки договор меѓу Косово и Србија.

Хоти, како што се наведува во соопштението на косовската влада, изјавил дека треба да постои јасен временски период во рамки на кој дијалогот Косово-Србија ќе биде завршен. Тој изнел и два принципи кои треба да се почитуваат во натамошниот дијалог, а тоа се дека не може да се преговара за територијалниот интегритет на Косово и не може да се влијае на Уставот на Косово кој го гарантира демократското функционирање на власта.

Премиерот на Косово додаде дека Србија „не покажала вистинска намера за нормализација на односите“, и го одлагала процесот со таканаречено купување на време и продолжување на кампањата против суверенитетот на Косово.

„Меѓутоа, и понатака сме посветни на мирниот процес на нормализација на нашите односи, кои можат да се постигнат само доколку Косово и Србија меѓусебно ја почитуваат државноста“, рече Хоти.

„Сеопфатниот мировен договор меѓу Република Косово и Република Србија би требало да резултира со меѓусебно признавање. Без такво завршување на процесот, договорот не може да успее. Взаемно признавање на двете земји е единствен начин за нормализација на односите и отворање на пат за процесот на интеграција на двете земји во ЕУ“, рече Хоти во своето обраќање за време на самитот во Париз.

Хоти наведе дека Косово има одлични односи со земјите од регионот, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, но ја изрази својата загриженост поради односите со Србија. Тој потсети дека процесот на дијалог меѓу Косово и Србија започнал во 2011 година во Брисел под покровителство на Европската унија во рамките на кој се постигнати бројни договори кои ги подобрија животите на обичните граѓани од двете страни.

Но Хоти оцени дека Србија и понатака го блокира членството на Косово во меѓународните организации и води кампања против признавањето на независност на Косово. Тој смета дека тоа само му наштетило на процесот на дијалог и изрази уверување дека Србија не сака нормализација на односите, туку купува време и продолжува со кампањата против суверенитетот на Косово.

„Оваа пракса на Србија го наведе Косово да реагира, како што тоа беше случај со одлуката на претходната влада да воведе такса од 100 отсто на увозот на трговската стока“, рече Хоти.

Оваа видеоконференција е одржана пред продолжувањето на дијалогот во Брисел, кој е прекинат во декемри 2018 година откако Косово воведе такса на трговската стока од Србија и БиХ.

Продолжувањето на дијалогот е најавен за недела, но поместен е за четврток. Како што им потврди на белградските медиуми, претседателот на Србија Александар Вучиќ по денешниот видео-самит во Париз, неговата средба со премиерот на Косово Хоти најавен за 12. јули во Брисел сменет е во форматот и ќе се организира во облик на видео-конференција, додека состанокот во Брисел ќе се одржи во четврток на 16. јули.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.