Балкан

Холандија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

„Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО!", објави министерот Димитров

Admir Fazlagic  | 12.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
Холандија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

СКОПЈЕ (АА) - Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Информацијата ја потврди министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

„Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО!", објави министерот Димитров на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсубк.

Од вкупно 29 членки на НАТО, останува Протоколот за Северна Македонија да го ратификуваат уште две земји, Шпанија и Франција.

За да стане Северна Македонија полноправна земја членка на НАТО, Протоколот за пристапување треба да биде ратификуван во парламентите на сите земји членки на Алијансата.

Потсетуваме, земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во оваа алијанса на 6 февруари оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.