Zülfiya Yakup
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
ПРИШТИНА (AA) – Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, денес изјави дека границите на Косово се воспоставени со војна и дека само со војна можат да се променат, јавува Anadolu Agency (AA).
Харадинај, по седницата на Владата, обраќајќи им се на новинарите, рече дека е имагинативно да се мисли дека Прешево ќе му се припои на Косово.
„Тие граници се воспоставени со последната војна на Ослободителната војска на Косово и со интервенција на НАТО. Тоа се воени граници, десетици илјади луѓе се под земјата за тие граници. Прилично лесно е да се мисли дека некој лекомислено игра со границите; не се игра со таа граница“, рече Харадинај.
Прашан дали го поддржува претседателот Хашим Тачи, преку дијалог да се изврши корекција на границите, премиерот Харадинај истакна дека помеѓу Косово и Србија преостанало признавањето од двете страни и дека дијалогот за признавање на Косово е во рамките на овие граници.
Според неговото мислење, зборувањето за корекција на границите е само противреторика на реториката на Белград дека Косово е срцето на Србија. Харадинај рече дека поместувањето на границите го интересира само претседателот на Русија, Владимир Путин.