Балкан

Турција упати честитки по повод зачленувањето на Северна Македонија во НАТО

„Изразуваме големо задоволство што Северна Македонија како 30. сојузник се пруклучи на Североатлантската Алијанса“, се вели во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција

Mehmet Şah Yılmaz  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Турција упати честитки по повод зачленувањето на Северна Македонија во НАТО

АНКАРА (АА) - Турција упати честитки по повод зачленувањето на Северна Македонија во НАТО која стана 30. членка на оваа Алијанса, пренесува Агенција Анадолија (АА)

„Изразуваме големо задоволство што Северна Македонија како 30. сојузник се пруклучи на Североатлантската Алијанса“, се вели во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи на Турција.

Во ова соопштение се наведува дека полноправното членство на Северна Македнија во НАТО претставува важен чекор во насока на осигурување на безбедност и стабилност на Балканот.

„Ова членство исто така ќе ги зголеми можностите и способностите на НАТО што се однесува до одбрана на универалните вредности. Потполно веруваме дека вкоренетото пријателство и соработка меѓу Турција и Северна Македонија ќе доби нова димензија со врската на сојузништвото“, се истакнува во соопштението на турското МНР.

Потсетуваме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера изјави дека Северна Македонија стана 30. членка на НАТО по завршување на сите официјални процеси.

Протоколот за пристапување меѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година.

Собранието на Република Северна Македонија на 11 февруари оваа година на свечена седница го ратификуваше Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Северна Македонија на 12 јули 2018 година на Самитот на НАТО во Брисел доби повик да стане членка на Алијансата. Потоа, Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО е потпишан во седиштето на НАТО во Брисел во февруари минатата година.

Оттогаш почна процесот на ратификација на овој Протокол во парламентите на земјите членки на Алијансата, а беше финализиран на 17 март со ратификацијата на Шпанија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.