Балкан, Коронавирус

Албанија: Бројот на случаи со коронавирус се зголеми на 197 лица

„Досега се тестирани 1.325 сомнителни случаи, од кои вкупно 197 се позитивни на Ковид-19, меѓу кои 10 починати и 33 излекувани лица“, се вели во соопштението

Fatjon Cuka  | 28.03.2020 - Обновена : 29.03.2020
Албанија: Бројот на случаи со коронавирус се зголеми на 197 лица

ТИРАНА (АА) - Во Албанија се откриени уште 11 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се искачи на 197 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.

Се нагласува дека во последните 24 часа биле тестирани 79 сомнителни случаи, од кои потврдени се 11 нови случаи со Ковид-19.

„Досега се тестирани 1.325 сомнителни случаи, од кои вкупно 197 се позитивни на Ковид-19, меѓу кои 10 починати и 33 излекувани лица“, се наведува во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın