Gorana Jakovljevic
11 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, ја заврши посетата на Србија, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува Анадолу.
Ердоган утрово со највисоки државни почести беше пречекан пред Палатата Србија во Белград од Вучиќ и неговата делегација, а потоа започна состанокот меѓу двајцата лидери. Тие присуствуваа на четвртиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Туркије и Србија, по што делегациите на двете земји потпишаа бројни договори за соработка.
Потпишани се вкупно 11 договори и документи кои имаат за цел зајакнување на билатералните односи и соработката, кои опфаќаат области како што се енергетиката, трговијата, технологијата, спортот, социјалната сигурност, управувањето со катастрофи и медиумите.
Ердоган и Вучиќ присуствуваа и на Бизнис форумот Србија -Туркије.
Во придружба на Ердоган, покрај членовите на неговиот Кабинет, во Србија допатуваa и сопругата Емине Ердоган, како и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за млади и спорт Осман Ашкин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, шефот на Националната разузнавачка слуба Ибрахим Калин, шефот на Дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич, шефот на Одбранбени индустрии Халук Ѓорѓун и претседателот на Советот за високо образование Ерол Озвар.