Балкан

Турската Црвена полумесечина ќе подели курбанско месо на 3.000 семејства во Северна Македонија

Црвената полумесечина во текот на Бајрам на милиони лица во потреба ќе им подели курбанско месо во Турција, Северна Македонија, како и низ светот

Furkan Abdula  | 31.07.2020 - Обновена : 02.08.2020
Турската Црвена полумесечина ќе подели курбанско месо на 3.000 семејства во Северна Македонија Фото: Furkan Abdula/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна жртвувањето на курбан од страна на турската Црвена полумесечина по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фуат Емин, претставник на турската Црвена полумесечина, во изјавата за АА истакна дека Црвената полумесечина и оваа година продолжува со колење на курбани.

Емин нагласи дека Црвената полумесечина во текот на Бајрам на милиони лица во потреба ќе им подели курбанско месо во Турција, Северна Македонија, како и низ светот.

„Ние во Северна Македонија, пред сè во градовите како Скопје, Куманово, Ресен, Битола, како и во селата, на околу 3.000 семејства ќе им поделиме курбанско месо“, рече Емин.

Според него, тие како Црвена полумесечина го сметаат за должност да пружат поддршка на населението во Северна Македонија во овие тешки моменти за време на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19).

„Денес се обидовме да ја исполниме таа потреба. Се надевам дека турската Црвена полумесечина и во различни ситуации ќе организира различни активности во Северна Македонија“, додаде тој.

Осврнувајќи се на делењето на курбанско месо во земјата, Емин нагласи дека во скопското подрачје ќе жртвуваат 100 грла крупа стока, додека во Радовиш ќе жртвуваат 700 грла ситна стока.

Емин информира дека турската Црвена полумесечина соработува со локалните организации во рамки на жртвувањето курбани, нагласувајќи дека во источниот дел на земјата соработуваат со Здружението на Турци од Источна Македонија, додека во Скопје соработуваат со Здружението „Мерхамет“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.