Балкан, Коронавирус

Во Косово во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 15 лица

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од 459 тестирани примероци, коронавирусот е потврден кај 226 лица

Zylfije Adem Jakupi  | 31.07.2020 - Обновена : 01.08.2020
Во Косово во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 15 лица

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово, во последните 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 починаа 15 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека од 459 тестирани примероци, коронавирусот е потврден кај 226 лица. Најмногу од заразените се од Приштина, 82 случаи.

Излекувани се уште 115 пациенти, така што бројот на излекувани се зголеми на 4.578.

Од почетокот на епидемијата во Косово тестирани се 36.509 примероци, од кои 8.330 случаи биле позитивни на коронавирусот, со 227 смртни случаи.

Вкупниот број на активни случаи е 3.535.

Националниот институт за јавно здравје апелира до граѓаните да се придржуваат кон пропишаните мерки и да носат заштитна опрема.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın