Besar Ademi
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Група од 168 лица од Македонија вечерва тргнаа од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје со цел извршување на една од главните верски обврски за верниците муслимани - аџилакот, во светите места за нив - градовите Мека и Медина, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година од Македонија тргнуваат 800 аџии, меѓу кои во придружба на своите родители е и најмладиот, тригодишно дете, додека најстариот меѓу нив е лице со над 70 години. Првата група од 180 патници тргна вчера по полноќ, додека по денешната група од 168 аџии, во текот на утрешниот ден ќе тргнат и три други групи поделени според градовите од каде доаѓаат.
Координаторот на втората група на аџии, Џемил Мехмети, истакна дека во последните години бројот на жените кои покажуваат интерес за извршување на Аџилакот е во пораст. Тој додаде дека оваа година во неговата група најголемиот број од патниците се жени.
„Повеќе од пола од нивниот број се жени, што во последните времиња е еден феномен што треба да се нагласи“, рече Мехмети.
Халиме Ибрахими-Шасивари, 43 годишна жена од Тетово, која за прв пат била на аџилак пред 25 години, нагласи дека за неа претставува задоволство да се посетат светите места.
Џемал Мехмети од кумановско Ликово е еден од патниците кој тргнува на аџилак. Според неговите зборови, аџилакот не може да се опише, туку тоа е нешто посебно, коешто само оној кој патува може да го доживее.
Инаку, вчера од Скопје тргна првата група на аџии од земјава.
Цената за извршување на аџилакот за патниците од Македониа изнесува 3.900 американски дролари. Тие ќе патуваат со авиолинијата Скопје-Џеда, додека враќањето ќе биде на 9 септември од Медина во Скопје.