Dzihat Aliju
25 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
ОХРИД (АА) - Во Охрид во координација на Здружението на хемичари и на Универзитетот „18. март“ во Чанаккале, а во заедничка организација на Турксата агенција за соработка и координација (ТИКА), универзитетите од Македонија, Албанија, Косово, и Босна и Херцеговина започна Меѓународниот конгрес за материјали и полимери на кои учествуваа голем број научници од Турција и регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на конгресот, Доц. Д-р Ајхан Орал, а воедно и професор во Универзитетот „18. март“ во Чанаккале, во изјава за АА истакна дека целта на организирање на овој конгрес е со обединување на земјите учесници да се интензивира нивната соработка, обединувае на нивните сили и подобрување на квалитетот на науката.
„Овој конгрес го организиравме со универзитетите, државните институции и организции од граѓанското општество. Секоја година сакаме овој конгрес да го организирме во една од земјите со цел да биде долгорочна соработката во оваа област меѓу универзитетите, граѓанските здруженија, и државните институции со цел да се постигне успех“ рече Орал.
Исто така, тој информираше дека овој конгрес ќе трае четири дена. Тој додаде дека вториот и третиот ден ќе се одвиваат научни говори, и дека на конгресот учествувале научници од Турција, Македонија, Албанија, Косово, и Босна и Херцеговина.
Истакнувајќи дека на конгресот ќе учествуваат говорници и од САД, Орал пренесе дека во наредната година имаат за цел да го зголемуваат бројот на учесниците.
Меѓу другото, Орал додаде дека тој мисли оти во случај проектот да биде успешен, тој ќе има свој придонес во земјте учесници и во Турција.
Во рамките на програмата беа доделени плакети за институциите и организациите кои дале поддршка за програмот.
Во конгресот покрај научните активности, ќе се одвиваат и социјални активности, а ќе конгресот ќе се одржува до 28 август.