Zülfiya Yakup
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Аспирациите на Косово се членство во Европската Унија и НАТО, но тој пат не е лесен, ниту брз, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи, во своето обраќање во Владата, во пресрет на одбележувањето на 10. годишнина од прогласувањето на независноста на Косово на 17 февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Косовскиот претседател истакна дека во текот на десетгодишниот период на независност на Косово е направено многу, но наведе дека патот кон ЕУ и НАТО носи и многу предизвици, како краткорочни, така и долгорочни. Во тој контекст, Тачи рече дека последните напори за изнаоѓање пат за ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора се охрабрувачки.
„Моменталните предизвици се исполнување на сите преостанати услови за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, брза и успешна трансформација на Безбедносните сили на Косово во Вооружени сили на Косово, борбата против радикализмот и екстремизмот и зачувување на партнерството со меѓународната заедница, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал“, рече Тачи.
Тој нагласи дека и Косово презеде меѓународни обврски кон Специјалниот суд, кои, иако, како што рече, тој суд е историска неправда, мора да се исполнат. Додаде дека одлуката за основање на Специјалниот суд за воени злосторства е донесена со цел да се одржи стратешкото партнерство со САД и НАТО.
Тачи наведе дека пред само 10 години северниот дел на Косово било во рацете на нелегалните институции на Србија, но дека денес реалноста е поинаква, бидејќи се одржани парламентарни и локални избори според Уставот на Косово и законите, инсталирани во косовската полиција и судството, а на граничните точки во северниот дел на Косово се има косовски полицајци и царински службеници.
„Изградивме одлични односи со земјите од регионот. Дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и Бриселскиот договор од 2013 година дадоа позитивни резултати, иако има уште работа“, рече Тачи.
Тој додаде дека дијалогот сега е во завршна фаза и дека се работи на постигнување конечен договор, кој подразбира целосна нормализација на односите и меѓудржавно помирување. Истакна дека меѓу идните приоритети на земјата се економскиот развој и отврањето нови работни места.
На крајот од своето обраќање, косовскиот претседател изнесе три предлози, за кои побара поддршка од Владата. Тачи предложи да се изгради резиденцијален комплекс на државните институции, да се отвори музејот „Независност“ со цел зачување на сеќавањето на колективното историско страдање на косовскиот народ и во Приштина, како главен град на Косово, да се изгради Обелиск на слободата, како споменик на жртвите од сите генерации за слободата и независноста на Косово.