Zülfiya Yakup
19 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес ја прими вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тачи изрази благодарност за константната поддршка што Бугарија му ја даваше на Косово за време на процесот за изградба на земјата и при членството во меѓународните организации.
„Бугарија е стратешки партнер на Косово“, изјави Тачи и додаде дека Бугарија константно го поддржувала Косово на неговиот евро-атлантски пат“, се соопштува од претседателскиот кабинет.
„Изградивме добри билатерални односи. Сега имаме потреба за поголема економска соработка меѓу двете земји“, истакна Тачи.
Потпретседателката на Владата, Захариева, изјави дека Бугарија ги поддржува сите напори за мир и стабилност во регионот.
„Треба да гледаме кон иднината, во мир и соработка“, изјави Захариева.