Furkan Naci Top
08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
АТИНА (АА) - Во главниот град на Грција, Атина, денес се одржаа масовни протести против новите владини мерки за штедење, а во текот на полициската интервенција дојде до масовни нереди, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од илјада земјоделци, повеќето од Крит, се собраа на плоштадот пред грчкото Министерство за земјоделски развој и храна.
Протестите беа организирани поради незадоволството на земјоделците од новите мерки за штедење што владата планира да ги продолжи во борбата против економската криза.
Немирите избувнаа кога група демонстранти се обидоа да влезат во зградата на Министерството, а беа спречени со солзавец од страна на специјалната единица на грчката полиција.
Демонстрантите потоа со камења фрлаа кон полицијците и ги запалија нивните возила и контејнерите на улиците.
Засега нема информации за повредени, а зградата на Министерството има видливо материјално оштетување.
Економската криза во Грција трае веќе осум години, а земјоделците не се задоволни поради зголемувањето на даноците и поради издвојувањето за социјално осигурување.