Балкан

Стефановиќ: „Да се престане со насилство, прекршоците ќе бидат санкцонирани"

Министерот за внатрешни работи на Србија тврдеше дека демонстрантите напаѓале полицајци, а лидерите на Сојузот за Србија ги повика да престанат со насилство.

Andjelija Stojkovic  | 17.03.2019 - Обновена : 18.03.2019
Стефановиќ: „Да се престане со насилство, прекршоците ќе бидат санкцонирани"

БЕЛГРАД (AA) - Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави вечерва на конференција за новинарите дека секој кој противзаконски влегол во зградата на Радио-телевизија на Србија (РТС) и им се заканувал на новинарите ќе одговара прекршочно и кривично, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој рече дека на вечерашните протести дошло до насилство и дека демонстрантите насилно влегле во РТС и го демолизирале влезот.

Стефановиќ ги повика граѓаните мирно да се разотидат и да ја напуштат зградата на РТС и да на тој начин се поврати јавниот ред и наведе дека полицијата ќе се обиде да го заштити секој новинар на РТС.

„Ги повикувам и лидерите на Сојузот за Србија да престанат со насилство, демолирање на имотот", рече Стефановиќ на конференцијата за новинарите.

Тој рече дека малиот одзив на луѓето на протестот, кој според неговата проценка бил 1.500 предизвикал „голема нервоза на лидерите на Сојузот за Србија".

Стефановиќ рече дека полицијата ќе постапува против сите кои ќе извршат насилство за да би „воспоставиле владеење на правото на секое место во земјата".

„Во наредните денови надлежните ќе ги добијат сите информации за луѓето кои извршиле кривични дела, затоа што Србија е сериозна држава", рече Стефановиќ.

Тој рече дека на протестот било инциденти и дека граѓаните ја напаѓале полицијата, ги гаѓале полицајците и ги навредувале.

„Најостро ги осудувам таквите напади на полицијата, ги предупредувам сите да прекинат со таквото однесување", рече Стефановиќ.

Министерот рече дека мисли дека е приведено само едно лице поради напад на полицаец.

Стефановиќ повтори дека демонстрантите ја „демолирале зградата, кршеле и сакале да упаднат во програмата на РТС".

Министерството за култура и информирање на Србија вечерва издаде соопштение во кое се наведува дека влегувањето на демонстрантите во зградата на РТС претставува преминување на „онаа деликатна линија која општеството ја дели од анархија и безаконие".

Министерството ја повика „групата која влезе во зградата на РТС да се повлече, а оние кои ги поддржуваат, на воздржаност од таквите постапки".

„Политичките ставови и барања, какви и да се, не смеат да се изразуваат на начин спротивен на законот, јавниот ред и општиот интерес на општеството", наведе Министерството.

Во соопштението се додава дека влегувањето во РТС е „жалосен обид" во општеството да се внесат дополнителни напнатости и исклучивост.

Граѓаните кои протестираат против власта во Белград вечерва влегоа во зградата на РТС, после што полицијата ги избркала, а голем број од нив и понатаму се наоѓаат пред РТС.

Граѓаните вечерва влегоа во зградата на РТС, тврдејќи дека чуварите ги пуштиле, а по час и половина влегла полицијата и ги избркала граѓаните, но и лидерите на опозицијата Бошко Обрадовиќ, Зоран Лутовац и Драган Ѓилас.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.