Admir Fazlagic
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во таа прилика, беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на нивното традиционално пријателство и партнерство. Оценето беше дека меѓусебната соработка се реализира во повеќе области од заемен интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната“, се вели во соопштението на МНР.
„Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Секизќок во Република Северна Македонија, министерот Димитров изрази подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на врските и пријателството меѓу двете земји“, стои во соопштението.