Балкан

Средба Димитров - Пфортнер: Поддршка на европската перспектива на Северна Македонија

На средбата се разменија мислења за европските интеграции на Северна Македонија, осврнувајќи се на разочараноста од исходот на октомврискиот Европски самит и решеноста за конструктивно дејствување со фокус на иднината

Abdula Berisha  | 12.12.2019 - Обновена : 13.12.2019
Средба Димитров - Пфортнер: Поддршка на европската перспектива на Северна Македонија (Foto: Abdula Berisha/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров се состана со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија, Стефан Холтхоф Пфортнер, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи (МНР), на средбата се разменија мислења за европските интеграции на Северна Македонија, осврнувајќи се на разочараноста од исходот на октомврискиот Европски самит и решеноста за конструктивно дејствување со фокус на иднината.

„Министерот Димитров го информираше соговорникот за постигнатите резултати во клучните реформски области и следните чекори на планот на европската агенда на земјата. На средбата се разгледаа можностите за продлабочување на билатералната соработка со оваа германска покраина, за што беа разменети и конкретни иницијативи во оваа насока", стои во соопштението.

Од МНР инофрмираат дека министерот Холтхоф Пфортнер ја нагласил целта на својата денешна посета на земјава – заедничко утврдување на конкретни мерки за поддршка на планот на билатералната соработка, како и на планот на европските аспирации на Северна Македонија, оценувајќи ги истите како заеднички интерес и на самата ЕУ.

Во соопштението исто така се вели дека посетата на министерот Стефан Холтхоф Пфортнер претставува дополнителна потврда за германското пријателство и поддршка на европската перспектива на Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.