Bojana Stojanovic
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште едно лице почина од последиците од коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а заразени се уште 100 лица, со што бројот на заразените до денеска порасна на 10.833, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера, тестирани се 6.198 лица, а позитивни се 100 лица на коронавирусот.
Хоспитализирани се 766 пациенти, а на респиратори се 13.
Во претходните 24 часа, уште едно лице почина од последниците на коронавирусот, што значи дека досега починаа 235 лица. Процентот на смртност е 2,17.
Досега во земјата се излекувани 5.067 пациенти, а тестирани се 196.881 граѓанин.