свет, Коронавирус

Експерти: Ковид-19 би можел да мутира во различни времиња и простори

- „Коронавирусот е познат како вирус кој брзо мутира. Овие мутации не ги менуваат општите карактеристики на вирусот и предизвикуваат само помали промени [во структурата“, изјави Азап, професор на Универзитетот „Анкара“

Jeyhun Aliyev, Burak Dağ  | 20.05.2020 - Обновена : 22.05.2020
Експерти: Ковид-19 би можел да мутира во различни времиња и простори

АНКАРА

Иако новиот тип коронавирус протече од еден извор, тој може да мутира во различни времиња и простори додека се шири меѓу луѓето, смета турскиот експерт за заразни болести, Алпај Азап, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Коронавирусот е познат како вирус кој брзо мутира. Овие мутации не ги менуваат општите карактеристики на вирусот и предизвикуваат само помали промени [во структурата]“, изјави Азап, професор на Одделот за заразни болести и клиничка микробиологија на Универзитетот „Анкара“ и член на Научно-советодавниот совет во борбата против коронавирусот.

Тој додаде дека новиот тип коронавирус е малку постабилен и дека не се менува лесно.

Азап додаде дека и покрај тоа што само во првите неколку месеци со овој вирус се заразиле стотици илјади лица, вирусот многу малку мутирал оттогаш.

„Лилјаците се вистински извор на коронавирусот. Вирусот во лилјакот ги инфицираше другите животни - цицачи или рептили - кои ние ги нарекуваме посредни домаќини“, појасни тој.

Тој нагласи дека вирусот се трансформира додека се движи во посредниот домаќин и како резултат на контактот меѓу посредниот домаќин и човекот, вирусот „научил“ да се приспособува на човечките клетки и да предизвикува болест.

„Како што доаѓаше до раст на бројот на заразените“, додава Азап, „вирусот во следната фаза „научи“ како да премине од еден на друг човек, а со оглед на тоа дека животните повеќе не беа важни, вирусот брзо започна да циркулира меѓу луѓето.“

Азап наведува дека овој циклус, кој лекарите го виделе кај вирусот на грипот, изгледа дека слично функционира и во случајот на Ковид-19.

Јешим Ташова, професорка на Одделот за заразни болести на Универзитетот „Чукурова“ во турскиот град Адана, изјави дека сите микроорганизми, особено вирусите, имаат тенденција да мутираат.

„Всушнот, тоа е нивна борба за опстанок“, изјави таа.

Таа додаде дека многу фактори можат да предизвикаат мутации, како што се погодна средина или средина која го форсира вирусот да мутира за да опстане.

Ташова изјави дека случајот со новиот вид коронавирус може да биде она што докторите го нарекуваат самомутација, а што е видливо во случајот на ХИВ, вирусот кој „константно мутира“.

Таа истакна дека вирусот е мутирана состојба на коронавирусот што предизвикал болест кај животните.

„Овој агенс, кој е многу сличен на вирусот кај лилјаците, здоби способност да се пренесе од едно до друго лице со мутација сместувајќи се во друг животински домаќин. Некои вируси од ова семејство и претходно предизвикуваа болести кај луѓето“, наведува професорката.

Таа додаде дека лекарите се свесни за други видови коронавируси, кои се 10-30 отсто причина за обична настинка секоја година, наведувајќи дека човечкиот имунолошки систем веќе ги „запознал“.

„Но, во овој случај, нашиот имунолошки систем не го признава овој нов вид вирус. Затоа, нашиот имунолошки систем не може да развие одбрана“, објаснува професорката.

„За разлика од останатите вируси“, рече Ташова, „инфекцијата може да се прошири на долниот и горниот респираторен тракт и да предизвика пневмонија“, додавајќи дека, особено кај постари лица и лица од сите возрасти во ризични групи, состојбата е полоша затоа што развива синдром на акутен респираторен дистрес.

„За време на инфекција во долниот респираторен тракт, вирусот може да предизвика треска кај 95 отсто од случаите, сува кашлица кај 70 отсто од пациентите и благ или интензивен респираторен дистрес во околу 40-50 отсто од случаите“, рече таа.

Таа додаде дека луѓето кои закрепнуваат од инфекцијата со новиот вид коронавирус, ќе имаат антитела против вирусот, но останува да се види колку долго ќе преживеат.

„Се разбира, доколку вирусот мутира, повторно ќе постои ризик од ново заболување за оние кои веќе се соочиле со оваа болест“, рече Ташова.

Таа објасни дека вирусот на грипот е најдобриот пример во овој случај затоа што мутира постепено секоја година, што резултира со големи мутации за пет до десет години.

„Од таа причина, антителата формирани против грипот што сте ги имале минатата година, можеби нема да можат целосно да ве заштитат од грипот што ќе го имате оваа година“, рече Тасова.

Таа додаде дека не очекуваат оздравениот пациент да биде носител на вирусот.

Ташова рече дека повеќе информации за ова прашање ќе има во иднина и додаде дека заразата е значајно искуство за целиот свет.

„Уште отсега, ние ги подготвуваме нашите планови за вонредни состојби и работиме на потенцијални сценарија. Пандемијата ни ја покажа важноста на научните студии и инвестициите на ова поле“, рече Ташова.

Според неа, пандемијата покажала и дека турските здравствени работници се подготвени за секоја ситуација и за секоја задача.

Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.

Пандемијата досега ги зеде животите на над 325 илјади луѓе во светот, над 5 милиони се заразени, додека оздравеле приближно 2 милиони претходно заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın