Балкан

Србија: Полицијата ги растера демонстрантите во Белград

Припадниците на полицијата ги растераа насобраните граѓани со употреба на повеќе патрони солзавец, а во текот на протестите повредени се и граѓани и полицајци

Bojana Stojanovic  | 09.07.2020 - Обновена : 09.07.2020
Србија: Полицијата ги растера демонстрантите во Белград Фото: Milos Miskov/AA

БЕЛГРАД (АА) - Полицијата вечерва по 23 часот ги растера демонстрантите од повеќе локации, а во центарот на градот може да се види постепено враќање на сообраќајот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Припадниците на полицијата ги растераа насобраните граѓани со употреба на повеќе патрони солзавец, а во текот на протестите повредени се и граѓани и полицајци.

На улиците околу Собранието на Србија во текот на ноќта полицијата примени и сила, односно ги тепаше демонстрантите кои потоа лежеа повредени на улиците.

По повеќе солзавци, полицијата ги растера демонстрантите, и сè уште е на улиците.

Постепено се воспоставува и сообраќајот, а припадниците на Градска чистота ги чистат улиците.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.