Балкан, Коронавирус

Србија: Пет лица починаа од Ковид-19, 163 се новозаразени

- На респиратори се поврзани 107 пациенти.

Bojana Stojanovic  | 10.08.2020 - Обновена : 12.08.2020
Србија: Пет лица починаа од Ковид-19, 163 се новозаразени

БЕЛГРАД

Во Србија изминатите 24 часа починаа пет лица од последици на заразеност со Ковид-19, а кај 163 лица едетектиран коронавирусот. До денес се хоспитализирани 2.873 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вкупно се регистрирани 28.262 случаи на заразување во земјата.

Во последното деноноќие тестирани се 6.819 лица, од кои 163 се позитивни на Ковид-19, што претставува пад на бројот на новозаразените во однос на претходната недела.

Во изминатите 24 часа починаа пет лица, со што бројот на починати се зголеми на 646. Процентот на смртност е 2,29 отсто.

На респиратори се поврзани 107 пациенти.

До сега се тестирани 754.143 граѓани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın