Bojana Stojanovic
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
БЕЛГРАД (АА) - Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина во Белград на 86-годишна возраст од последици предизвикани од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тозовац е роден во Краљево во 1936 година.
Свиреше на хармоника, тапани и труба, а своите први песни ги сними на 11 јуни 1965 година.
Тој стана познат во 1967 година со песната „Под липата, крај потокот“. Истата година сними четири синглови во дует со Силвана Арменулиќ.
Неговата голема популарност започнува во 1971 година, кога победува на Песна на летото со композицијата „Мирјана“. Следната година повторно победува со песната „Очите на една жена“ и го потврдува својот статус на најпопуларен пејач.
Во октомври 2012 година доби диплома за заслужен граѓанин на градот Краљево.