Балкан

Србија: Демонстрантите го пробија полицискиот кордон, со камион дојдоа до Претседателството

Демонстрантите успеаја да го пробијат полицискиот кордон, во улицата „Кнез Милош“, и да донесат камион со разглас пред Претседателството на Србија, а во текот на нивното поминување полицијата употреби солзавец за да ги спречи

Bojana Stojanovic  | 17.03.2019 - Обновена : 18.03.2019
Србија: Демонстрантите го пробија полицискиот кордон, со камион дојдоа до Претседателството Фото: Miloš Miškov/АА

БЕЛГРАД (АА) - Голем број граѓани се собраа околу Претседателството на Србија во Белград за да го изразат својот протест против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додека Вучиќ одржуваше прес-конференција, а демонстрантите успеаја да ја срушат оградата околу зградата на Претседателството, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрантите успеаја да го пробијат полицискиот кордон, во улицата „Кнез Милош“, и да донесат камион со разглас пред Претседателството на Србија, а во текот на нивното поминување полицијата употреби солзавец за да се обиде да спречи еден од лидерите на опозицијата, Бошко Обрадовиќ, и камионот, да поминат до Претседателството на Србија.

Лидерот на Левицата на Србија, Борко Стефановиќ, рече дека во овој судир полицијата употребила насилство и над пратеникот Бошко Обрадовиќ, додека сите лидери од Сојузот за Србија ги повикаа насобраните на мирен и ненасилен вид борба.

Обрадовиќ за новинарите пред еден од влезовите во Претседателството на Србија истакна дека граѓаните нема да се тргнат додека Вучиќ не даде оставка.

Српскиот претседател Вучиќ претходно одржа прес-конференција во зградата на Претседателството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.