Medin Haliloviç
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
НОВИ ПАЗАР
Во регионот Санџак во Србија утрово е регистриран земјотрес. Републичкиот сеизмолошки завод на Србија објави дека во 7.35 часот по локално време е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,4 единици од Рихтеровата скала во регионот на местото Сјеница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според прикажаната мапа на Републичкиот сеизмолошки завод, епицентарот на земјотресот бил во Камешница, на околу 30 километри од Нови Пазар.
„Интензитетот во епицентарот е проценет на V степен од Меркалиевата скала. Земјотресите од ваквкиот интензитет можат да предизвикаат многу мали оштетувања на објектите во епицентралната област", објави Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.