Dzihat Aliju
29 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
СКОПЈЕ - Списанието „Turkish Studies“, кое излегува во рамките на активносите на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, упати повик за испраќање текстови кои би биле објавени во специјалното издание наменето за пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), под чие влијание се наоѓа целиот свет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави ИБУ се потсетува дека заразата од Ковид-19, која на глобално ниво дејствува врз сите земји од светот, од страна на Светската здравствена организација е прогласена за пандемија.
Во соопштението се истакнува дека за таа цел, уредувачкиот одбор на списанието донело одлука да изработи специјално издание, со цел подобро да се разбере постоечката ситуација и во исто време државата, општеството и институциите да бидат поподготвени при евентуални епидемии во иднина:
„Овој повик кој е отворен за сите полиња на социјалните и хуманитарните науки и откако ќе биде дадена стручна проценка, финалниот резултат како специјално издание сакаме да го понудиме на услуга на нашата земја и на научната заедница. Проценувајќи ја појавата на пандемијата на Ковид-19 на глобално ниво и во нашата земја, во ова специјално издание ќе бидат објавени и текстови поврзани со епидемиите во светот од минатото и заразите со кои во мал обем се соочуваме во последните години, кои треба да бидат патоказ за оние кои творат и ќе творат во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус. Наша цел со овој број е покрај националната и глобалната придобивка, трудовите да бидат објавени во колективно опкружување со конкретна адреса, давајќи им поголем простор на референците на академските студии, со цел полесен пристап до информации на оние кои работат на ова поле.“
Специјалниот број најверојатно ќе биде објавен на 1 јули, а текстовите ќе се примаат до 23 јуни.
Текстовите во врска со Ковид-19 и другите заразни болести ќе бидат објавени на интернет-страницата „www.turkishstudies.net“.