Ekip
30 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Декември 2018
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - „Во последните години смртноста на лицата со ХИВ статус опаѓа, но расте бројот на новодијагностицирани“, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Македонија за време на одбележувањето на Први декември – Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Институтот за јавно здравје на Македонија, годинава се дијагностицирани 41 лице со ХИВ-вирус, а тројца починале од СИДА.
„Сите новодијагностицирани се мажи, а 82 отсто се на возраст од 20 до 39 години. Според начинот на пренос, 78 отсто од случаите се мажи кои имале секс со мажи, седум лица пријавиле хетеросексуален пренос, а едно лице не го знае начинот на пренос“,соопштија од Институтот за јавно здравје на Македонија.
Најмладиот заразен има 21, а најстариот 51 година. Во сите центри низ државата има регистрирано случаи, а над 50 отсто се регистрирани во Скопје, покажуват податоците на Институтот за јавно здравје.
Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека годинава Министерството за здравство одвоило 37 милиони денари за антиретровирусна терапија и 52 милиони денари за програмите за рано откривање на ХИВ инфекцијата, кои се спроведуваат преку Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и 15 граѓански здруженија.
Од 1987 досега во Македонија регистрирани се 400 случаи со ХИВ, а 99 лица од нив досега починале. Статистиката на Институтот за јавно здравје покажува дека 339 или 86 отсто од вукпнодијагностицираните досега се мажи.
- Албанија е земја со мала распространетост на ХИВ
Според Институтот за јавно здравје на Република Албанија, до крајот на 2017 година евидентирани се 1104 случаи на ХИВ инфекција во Албанија, меѓутоа, од оваа институција проценуваат дека бројот на луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА во Албанија е 1500.
Во однос на пренесувањето на случаите на ХИВ по пол, 792 случаи се мажи, а 312 случаи се жени погодени од ХИВ инфекција.
Податоците за луѓето погодени од овој вирус се обезбедени со доброволно тестирање, препорачано тестирање или тестирање на крвни донатори.
Здравствените институции истакнуваат дека и покрај растечкиот тренд од година во година, Албанија и понатаму останува земја со мала распространетост на ХИВ/СИДА во однос на вкупното население во државата.
Според епидемиолошката анализа за ХИВ/СИДА на ИЈЗ во 2017 година, постојните податоци покажуваат дека во Албанија нема генерализирана или концентрирана ХИВ инфекција.
- Косово: Моментално под лекарска контрола се 36 пациенти со ХИВ
„Во Косово од 1896 година се регистрирани вкупно 119 случаи од ХИВ, од кои 47 завршиле со смртен исход“, кажано е денеска по повод 1 Декември - Светскиот ден на борбата против ХИВ (сида).
Заменик-министерот за здравство на Косово, Али Бериша, изјави дека Светскиот ден на борбата против ХИВ е добра можост за сите луѓе и за здравствените професионалци да се потсетат на важноста од превенција, контрола на нови случаи и поддршка на луѓето што живеат со ХИВ.
Според неговите зборови, во време кога ХИВ се смета и понатаму за глобална епидемија, со тенденција на опаѓање на случаите Косово се смета за земја со мала распространетост на оваа болест.
„Факт е дека од 1986 година, кога е регистриран првиот случај, Косово имало 119 случаи, со 47 смртни исходи, а моментално под лекарска контрола се 36 пациенти, од кои 32 се со антиретровирусна терапја“, рече Бериша.